Погледнете го часовникот на Хитлер кој на аукција достигна цена од милион долари

И покрај тоа што достигна цена од повеќе од 1 милион долари, часовникот не ја достигна проценката на аукциската куќа од 2 до 4 милиони долари




Часовник за кој се вели дека му припаѓал на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер е продаден за 1,1 милион долари на аукција во САД.




Часовникот Хубер, кој беше продаден на анонимен понудувач, има свастика и е изгравиран со иницијалите AH. Еврејските лидери ја осудија аукцијата пред продажбата на „Alexander Historical Auctions“ во Мериленд, јавува Би-Би-Си.




Тие продаваат нацистички предмети
Сепак, аукциската куќа, која продаваше нацистички предмети во минатото, за германските медиуми изјави дека нејзината цел е да ја зачува историјата.




Во каталогот стои дека часовникот бил роденденски подарок на фашистичкиот водач во 1933 година, кога станал германски канцелар.




Ги достави документите
Во документите обезбедени од аукциската куќа се наведува дека не можат да обезбедат доказ дека Хитлер всушност го носел часовникот. Но, проценката на независен експерт заклучи дека тоа му припаѓа нему.




И покрај тоа што достигна цена од повеќе од 1 милион долари, часовникот не ја достигна проценката на аукциската куќа од 2 до 4 милиони долари.