Погледнете како овие фоки ги бркаат капачите од плажата во Калифорнија (ВИДЕО)

Видеото снимено на плажа во заливот Ла Џола во Калифорнија во Сан Диего, на кое се гледаат фоки како бркаат луѓе од плажата, стана вирално. Видеото првично објавено на TikTok, пренесува NBC, прво предизвикало многу смеа и смешни коментари, но предизвикало и загриженост бидејќи покажува колку луѓето се приближуваат до овие големи животни и ги вознемируваат.

„Почнав да снимам бидејќи ми беше смешно да ги гледам овие огромни фоки како ги бркаат туристите“, рече Јејна, која вели дека била во посета на Ла Џола минатиот петок кога забележала дека капачите премногу се доближуваат до фоките. „Фоките спиеја на плажа. Ги гледав, а потоа една жена им пријде на помалку од метар и половина и се обиде да направи фотографија одблиску. Фоката потоа се разбудила и почнала да ги брка луѓето“, рече таа.

На видеото може да се видат две фоки како нервозно се движат на плажата додека луѓето бегаат од нив, а потоа се повлекуваат назад во морето и се оддалечуваат од луѓето. Јејна забележува дека била загрижена за безбедноста на капачите. Таа вели дека насекаде се поставени табли кои ги предупредуваат гостите да им дадат простор на фоките бидејќи тие се животни што живеат таму.

Келен Кларк, која го помина неделното утро на плажа со пријателите, вели дека виралното видео е добар пример за тоа зошто луѓето треба да го почитуваат просторот за живеење на фоките.

„Тоа е нивно природно живеалиште. Луѓето навистина не треба да им се приближуваат премногу“, рече Кларк. Јејна се надева дека луѓето што го виделе нејзиното видео ќе научат нешто.

„Мило ми е што стана вирално бидејќи ја подигна свеста за тоа колку опасни можат да бидат овие животни. Станува збор за диви животни, кои исто така се заштитени. Едноставно треба да им се остави простор“, вели девојката која го снимила видеото