Погледнете како пилотот успеал да го приземји авионот и покрај силниот ветер

Станува збор за патнички авион Ербас А321нео, кој пристигнал од Фаро во Португалија до аеродромот во Бристол, Англија.




Бурата Клаудио донесе силни ветрови кои го отежнаа воздушниот сообраќај, а пример за тие тешкотии е споменатиот авион.




На видеото кое е објавено на YouTube каналот MrAviationGuy може да се види како пилотот се „бори“ со ветрот и странично го спушта авионот за да го поправи пред да слета на пистата.




Иако ваквото слетување изгледа опасно, пилотите понекогаш се принудени на такви маневри поради временските услови за да ги приземјат авионите.