Погледнете како Поршето вози со 285 км/ч: Полициски хеликоптер и камери снимија се (ВИДЕО)

Возач од Ирска решил да го тестира своето Порше на автопат во Шпанија и возел „малку побрзо“ од дозволеното. Тоа се покажа како голема грешка. Имено, возачот немал поим дека цело време од воздух го следи полицијата. Автомобилот бил забележан од хеликоптер од полицајци во близина на Мадрид на автопатот АП-6 и снимен во време кога неговата брзина била дури 285 км/ч.

На тој автопат дозволената брзина е 120 км/ч, што значи дека Ирецот возел повеќе од двојно поголема брзина од дозволената. Возачот на поршето бил запрен набргу од полициска патрола во реонот на блискиот град Аревало. Поради сериозноста на делото веднаш бил приведен и обвинет за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на патиштата“.

Според шпанските закони, пречекорувањето на максималната дозволена брзина на автопат за повеќе од 80 km/h може да резултира со многу висока парична казна, одземање на возачката дозвола за период до четири години и затвор. Висината на казната за овој прекршок не е фиксна, туку ја одредува судот.

Ирецот избра лошо место за бркање. Според локалните медиуми, на тој дел од автопатот годинава се случиле дури 28 сообраќајни несреќи во кои две лица загинале, а 11 се тешко повредени. Шпанската полиција редовно користи хеликоптер за да ги лови најбрзите возачи кои тешко би биле фатени од копнената патрола.

Хеликоптерите се опремени со специјални камери и уред за мерење на брзината на возилата, а најчесто ловат возачи на брзи моторцикли и спортски автомобили.

Шпанците со хеликоптер не отидоа ни најдалеку во лов на возачи кои пребрзаа. Во некои сојузни држави на САД брзината се мери и од мали авиони.