Поглед над облаците: Железничкиот мост во Индија руши рекорди (ФОТО + ВИДЕО)

Железничките мостови ги фасцинираа луѓето уште од времето на индустриската револуција, и како што технологијата напредува, не се гледаат граници за идните напори. Таков е примерот на мостот Ченаб (359 метри), над истоимената река во Индија, кој по завршувањето на изградбата ќе стане највисок во светот и ќе го собори рекордот на кинескиот „џин“ Најехе (305 метри).

Стратешки проект


Неверојатниот проект се реализира во регионот на Кашмир, а треба да биде завршен до крајот на годинава. Ченаб ќе стане дел од сообраќајната инфраструктура која вклучува тунели и други мостови и ги поврзува градовите Њу Делхи и Сринагар.

Целата рута се протега на 900 километри и е стратешки важна за Индија, пренесува Autoevolution. Тамошните инженери планираат конструкција која ќе издржи налети на ветер до 266 km/h, но и температури до -40 Целзиусови.

Конструкцијата користи специјален челик отпорен на експлозија во случај на потенцијален терористички напад, а мостот ќе продолжи да функционира дури и ако еден од неговите 17 столбови биде уништен.