Пожарникарите биле снимени како одземаат телефони на плажа и има многу добра причина зошто го прават тоа

На ова видео двајца пожарникари им приоѓаат на луѓето на плажата и им ги земаат телефоните од раце, а на прашањето зошто, пожарникарите покажуваат на нивните деца кои си играат во вода. Итните служби на својот Фејсбук профил напишаа „Овозможете им на вашите мобилни телефони одмор додека сте на плажа“.




Докажано е дека употребата на телефони е опасна и штетна на различни начини. Користењето на телефонот додека возите го зголемува ризикот од несреќи, а научните истражувања објавија и дека телефонот им го одвлекува вниманието на родителите додека се грижат за децата, што може да има последици по развојот на детето. Таа дебата за користење на телефони се прошири и на други локации како што е плажата.




Наместо да ги гледаат своите деца како си играат во вода, некои родители седат на плажа и зјапаат длабоко во нивните телефони. Може да се каже дека овој момент е магнет за трагични ситуации. Загрижените служби за итни случаи во Шведска забележале дека ситуацијата се влошува и решиле да направат нешто околу тоа.




Тие снимија видео чија цел е да испратат јасна порака и да ја подигнат свеста на родителите за проблемот. Во видеото, пожарникарите им приоѓаат на родителите кои користат телефони на плажа и им ги земаат од раце, а потоа им објаснуваат дека треба да ги имаат очите кон децата, а не кон екраните. Видеото е веќе прегледано неколку илјади пати, а иако е снимено во Шведска, пораката што ја пренесува е универзална и ги предупредува родителите да го свртат вниманието кон своите деца.




Погледнете го ова видео и не заборавајте да го споделите со вашите пријатели: ТУКА