Покрај патот пронашле мало кученце и си го однеле дома, се покажало дека е којот

Едно семејство од Масачусетс покрај прометниот пат пронашло кученце кое нервозно талкало. Но, 24 часа подоцна дознале дека се работи за којот. Откако семејството сфатило дека животното што сакале да го посвојат не е куче, се обратиле за помош во Њу Ингланд Wildlife Center Cape Branch.

Организацијата најпрво соработувала со Одделот за јавно здравје во Масачусетс за да провери дали има којот беснило, а потоа одлучила да го рехабилитира Во објава на Фејсбук открија дека неодамна добиле уште едно младенче којот, па откако ќе се вакцинираат заедно ќе ги одгледуваат.

Иако приказната доби среќен крај, ситуацијата можеше да биде поинаква доколку којотот имаше беснило. Тогаш младенчето, доколку ги изгребело или ги гризнало пронаоѓачите, би требало да биде евтаназирано.

„Ние секогаш ги охрабруваме луѓето да се обратат до експерти пред тие самите да интервенираат“, додаваат тие.