Полицаецот седнал до бездомничката, не знаел дека некој го снима

Случаeн минувач го сликал нивниот ручек на тревата, а нејзиниот партнер ја споделил фотографијата на Фејсбук. Полицаецот Мајкл Риверс со години е во полицискиот оддел во Голдсборо во Северна Каролина и поради тоа го познава речиси секој бездомник во областа. Но, во средата видел жена која не ја видел досега, облечена во маица со натпис „Бездомничка. Најбрзиот начин да станете никој“. Оваа ситуација се случила во 2020 година но сеуште кружи по интернетот

Риверс изјави за Си-Ен-Ен дека ја видел од автомобилот, ги спуштил стаклата и ја поздравил накратко пред да замине. „Бог сакаше да и донесам ручек. Се свртев и ја прашав дали јадела тој ден. Таа рече не“, рече 29-годишниот полицаец. Отишол во блиската пицерија, купил пица и со неа седнал на тревата. Тој и Мишел ( така се викала оваа жена) седеа заедно 45 минути и си ги разменија своите животни приказни.

Оваа жена му кажала дека има болна 12-годишна ќерка и 23-годишен син. Нејзиниот сопруг, исто така бездомник, стоел преку улица додека тие двајца јаделе и разговарале. Сфатив дека јавноста и na мене и неа гледа исто“, заклучил полицаецот и додал дека луѓето често ги осудуваат и гледаат бездомниците во негативно светло.

Како и полицијата бидејќи општеството, според Риверс, е фокусирано само на „плвата во житото“. Случаeн минувач го сликала нивниот ручек на тревата, а нејзиниот партнер ја споделил фотографијата на Фејсбук. Тогаш таа сцена ја споделија илјадници луѓе.

„Полицијата прави многу за нашата заедница, а многу од тоа поминува незабележано. Се гледаме, продолжи со добрата работа“, напиша Крис Барнс кој ја сподели фотографијата.