Полицаец од Србија посвоил 17 деца: Неговата љубов кон децата е прекрасна

Полицаец од Србија досега посвоил 17 деца. Во неговото семејство доаѓаат деца од различна возраст, бебиња и постари лица. Тој со години секојдневно носи полициска униформа и се грижи за безбедноста на своите сограѓани. Сомборецот Миладин Бањац овојпат беше пофален за неговиот личен подвиг. Низ неговото згрижувачко семејство поминале 17 деца. Миладин Бањац, како гостин во утринската програма на РТС, рече дека згрижувањето го започнал во февруари 2012 година, кога кај неговото семејство дошло шестмесечно дете.




Посочува дека доаѓаат деца од различна возраст, бебиња, но и постари лица. Како што рече, обично се грижат за едно по едно дете, за да му го посветат целото внимание, но имало и случаи кога имало повеќе деца во исто време – најмногу четири. Тој е особено горд што со сите одржува комуникација и по нивното заминување, а крстил и едно дете. Според него, најтешки се разделбите, но се радува што гледа дека децата одат во добро семејство каде ќе го продолжат својот живот.




На прашањето која работа е потешка, полицаец или згрижувач, Миладин рече дека и двете работи бараат многу жртви и обврски, но дека згрижувањето е сепак потешко. Неодамна доби и признание од министерот за внатрешни работи. За тоа е благодарен, но, како што наведува, најважна му е благодарноста на децата и нивната желба повторно да дојдат да го видат.




Миладин Бањац рече дека згрижувањето бара вклученост на целото семејство, а многу му помагаат сопругата и двете ќерки.