Поради расправија со родителите, тинејџер си ископал пештера во градината, има греење и Wi-Fi

Расправиите со родителите не се непознати, но во тинејџерските години тие се малку поинтензивни во некои семејства

Тинејџерот Андрес Канто од Шпанија по расправија со родителите шест години копал дупка во градината на семејната куќа за да живее во неа. Копаше секој ден после училиште, во слободно време. Пештерата е длабока три метри, има греење и Wi-Fi. Андрес на социјалните мрежи објави видео од својата пештера.

Андрес сега има дваесет години и е задоволен од својата работа, но не може да разбере зошто поминал шест години копајќи пештера во својата градина.

Расправиите со родителите не се непознати, но во тинејџерските години тие се малку поинтензивни во некои семејства.

„Моите родители сакаа да се пресоблечам за да одам во село, но јас сакав да носам тренерка која сакав да ја носам дома и тогаш решив да копам во градината“, вели Андрес Канто.

Во 2015 година, Андрес Канто имал 14 години кога неговите родители му рекле дека не може да излезе од дома во тренерки

Изнервиран и депресивен почнал да копа дупка во градината. Тоа копање траело шест години, а тој создал своја оаза која има дневна соба и бања.