Порано биле сијамски близнаци, а вака изгледаат сега

26.2.2002 близначките Кендра и Малија Херин се родени со заеднички дебело црево, мочен меур, црн дроб и еден бубрег. Нивните родители, Ерин и Џејк, биле соочени со тешка одлука: дали да ги разделат или да ги задржат поврзани. И двете опции може да бидат опасни по живот. „Еден од лекарите ни кажа дека сè од нивните гради надолу е само куп ткиво и дека немаат органи за да преживеат надвор од мојата утроба“, објасни Ерин.




„Друг лекар ни рече само да ги абортираме бидејќи сето тоа е многу комплицирано. Но, ги видов нивните лица на еден преглед и се заљубив во нив. Бев решена да направам се што можам за да ги донесам на свет безбедно, дури и ако мојот живот беше во опасност“. Ерин и Џејк на крајот решиле да ги разделат близнаците кога наполниле 4 години бидејќи сметале дека ќе ја имаат најдобрата шанса да водат нормален живот. Тоа беше навистина невидена операција која подразбираше многу здравствени ризици.




Оттогаш Малаих и Кендра се единствените близнаци кои делат бубрег, а поминаа и низ разделба. Нивната операција привлече медиумско внимание. Ерин била многу емотивна пред камерата додека нејзините ќерки биле на операција. И покрај нивните ниски стапки на преживување, Кендра и Малија ги надминаа сите очекувања. Благодарение на фантастичниот тим од 6 хирурзи, близнаците успешно беа разделени по 26 часа.




Кендра го доби нивниот заеднички бубрег, а Малија беше подложена на дијализа додека не и беше трансплантиран бубрегот на нејзината мајка. Откако живееја како едно четири години, Кендра и Малија мораа да научат како да живеат одвоено.




„Девојките беа среќни што конечно станаа независни, но понекогаш можев да ги најдам како играат и шетаат низ куќата со патерици држејќи се една за друга, како да се сè уште поврзани“, рече Ерин. Близнаците денес имаат свој канал на YouTube каде ги споделуваат авантурите од својот живот.