Пораснав во голема сиромаштија

Останав желна за се, бидејќи како дете можев само да сонувам за чоколадо, бонбони, киндер јајца и гумени бонбони. Денес сум мажена и мајка на две деца.




Кога ќе ни се случи гостите да ни донесат најлонче со грицки, толку брзо ја разгледувам и ако најдам нешто многу убаво, го кријам и сама си го јадам. Исто така, ако имам нешто убаво за јадење на работа, одам во тоалет за да не споделувам.




Тоа ме прави да се чувствувам толку лошо и мизерно, но не можам да се воздржам. Најмногу ме боцка совеста, кога се кријам од семејството, и си јадам сама Милка, Фереро, Рафаело, Тоблероне итн., а не им давам на никој во тој момент.




Мојот сопруг редовно купува се што е слатко, за да имаме сите, а јас го одбирам тоа што најмногу ми се допаѓа и го јадам сама. Плачам поради тоа, а мислам дека сум ужасна мајка и сопруга.. Што мислите вие за тоа? Што да направам за да го сменам тоа кај мене? Зошто стварно страшно ми смета и не се чувстувам убаво поради тоа