Посвоени дечиња повторно се среќаваат откако биле разделени во сиропиталиште

Средбата на две посвоени дечиња, кои биле разделени во сиропиталиште по посвојувањето на едно од нив, ќе ви го стопли срцето.




4-годишната Хана и 3-годишниот Даусон биле неразделни пријатели во сиропиталиште во Кина, но откако Хана била посвоена од семејство од САД, нивното другарување било прекинато. За среќа, Шерон, жената која ја посвоила Хана, веќе ја имала забележано нивната посебна врска и откако се вратила во Америка, започнала потрага по семејство кое би го посвоило Даусон.




„Кога го напуштавме сиропиталиштето и видов како се однесуваат еден спрема друг, си помислив: Боже. Не можам да го оставам ова момче во Кина“ – рекла Шерон, чиј апел за посвојување на Даусон брзо наишол на позитивен одѕив и тој бил посвоен.„Се гушнаа околу 400 пати.




Продолжуваа да се гушкаат додека не станеа толку зашеметени што паѓаа“ – рече Ејми, жената која го посвои Даусон.