Поучна приказна: Татко и син во воз

24-годишно момче, гледајќи низ прозорецот на возот, извика: „Тато, види, дрвјата се зад нас“. Малку подоцна, тој одеднаш повторно рече: „Тато, погледни ги облаците што трчаат со нас“.

Млад пар кој седел во близина и го слушал тоа, со сожалување го погледнал однесувањето на овој човек и му рекол на постариот: „Зошто не го однесеш син ти на добар лекар?“.

Човекот одговорил: „Да, го однесов кај најдобриот лекар што го познавам и штотуку се враќаме од болница. Мојот син е слеп од раѓање и токму денес го виде тоа за прв пат“.

Не осудувајте никого додека не го запознаете. Секој човек на овој свет има своја приказна.