ПОШТАР ФАТЕН НА ГРОЗЕН ЧИН: Поради тоа што го направила во овој двор добила отказ (ВИДЕО)

ПОШТАР ФАТЕН НА СТРАШЕН ЧИН: Поради тоа што го направила во овој двор добила отказ (ВИДЕО)

Камера пред куќа во Лос Анџелес го откри шокантниот чин на работник на поштенската служба на Соединетите Американски Држави (USPS).

Имено, поштарката нападнала куче со солзавец кое дошло до оградата кога ја оставала поштата. Видеото налути многумина на социјалните мрежи бидејќи не можеа да сфатат што точно погрешило кучето.

Кога сопственикот на кучето ја видел снимката, збеснал. Неговиот четириножен миленик Коко се однесува пријателски со сите, па чинот на жена е целосно неприфатлив.

Видеото е направено пред неколку месеци, а поштарката иако му се извинила на сопственикот на кучето, во меѓувреме останала без работа.

Корисниците на социјалните мрежи, пак, сè уште бараат строга казна за неа бидејќи нападнала пријателско куче на таков суров начин.