ПО НЕСРЕЌАТА НА АВТОПАТ ЛЕТААТ ПАРИ НА СИТЕ СТРАНИ: Возачи кочеа и излегоа да си соберат од парите (ВИДЕО)

Несреќата на оклопно возило кое превезувало пари предизвикала вистинска конфузија, а после тоа и бројни апсења, на автопат во САД, пишува Би-Би-Си. На снимката објавена на социјалните мрежи се гледаат снопови со банкноти расфрлани по патот и граѓани како избезумено ги собираат.




Невообичаена несреќа се случила на меѓуградската обиколница број 5 во Калифорнија, во близина на Сан Диего, пишува порталот Јутарњи.хр.




Полицијата во извештајот наведува дека луѓето, гледајќи што се случило, почнале да ги запираат возилата и излегле на патот да собираат банкноти. Но, полицијата брзо реагирала и привела неколку лица и ги принудила да ги вратат парите.




Инцидентот се случил околу 9:15 часот по локално време кога на сред возење се отворила вратата од оклопното возило, а на патот почнале да паѓаат вреќи полни со пари.




Погледнете како тоа изгледаше ТУКА