Прв пат во историјата на човештвото, трансродова жена ќе стане Мајка, ќе направи трансплатација на матка, а еве и каде

Во Индија се планира уникатна операција за трансплантација на матка за трансродова жена Тоа ќе биде прв третман од ваков вид во светот.
Секоја трансродова жена сака да биде што е можно поженствена. И тоа вклучува да се биде мајка. Начинот да го направите тоа е трансплантација на матка. А тоа е иста процедура како трансплантација на бубрег или нешто слично – вели д-р Нарендра Каушик, кој ќе направи револуционерна трансплантација.

Според Mirror.co.uk, доктор од Индија планира да ја изврши првата трансплантација на матка во светот на транссексуална жена родена како маж. Сето тоа за да и овозможи подоцна да роди дете. Операцијата е крајно ризична, но, според хирургот д-р Нарендра Каушик, кој треба да ја изврши, тој останува „оптимист“ по ова прашање.

Органите за трансплантација доаѓаат или од починат донатор или од друга жена која е сè уште жива, на која и била извршена операција за промена на полот и на тој начин и била отстранета матката. Благодарение на револуционерната процедура што ја следи ИВФ, трансродовата пациентка ќе може да забремени.

Секоја трансродова жена сака да биде што е можно поженствена. И тоа вклучува се за да се биде мајка. Начинот да го направите тоа е трансплантација на матка. И тоа е иста процедура како трансплантација на бубрег или нешто слично – ја цитира Mirror.co.uk д-р Нарендра Каушик од Њу Делхи, кој е сопственик на клиниката Олмек и се очекува да ја изврши оваа уникатна операција.

Според споменатиот портал, познат е само еден случај на трансплантација на матка кај трансродова жена. Меѓутоа, како последица на компликации, жената починала неколку месеци подоцна.