Прекрасен момент: Мајка за прв пат го држеше своето предвреме родено бебе во рацете

Камерата го сними бесценетиот момент кога мајката за прв пат го зеде своето девојче во раце. Видеото е многу посебно бидејќи детето е родено 14 недели предвреме. Наташа Бјорк Џонсон (31) од Англија многу се вознемирила при предвременото породување.

Белите дробови на предвремено родените бебиња не се целосно развиени. За среќа, нејзиното бебе успеало да преживее со тим од лекари и медицински сестри и со помош на апарат за дишење. Кога медицинската сестра нежно го префрлила бебето Фреја во прегратките на Наташа, мајката го примила своето дете и го ставила на градите.

И самите можете да видите дека бебето е навистина многу мало и дека е многу помало од бебињата родени на време. Изгледаше како кукла со капа и пелени. За среќа, Фреја нема да има никакви здравствени проблеми кои инаку се поврзуваат со предвремено породување.

Овој прекрасен момент погледнете го сами во видеото: