Природен лек од 3 состојки: Ги чисти артериите, го намалува холестеролот и ги убива инфекциите!

Дали некогаш сте слушнале за германски природен лек кој може да го зајакне вашиот имунитет, а во исто време да ги прочисти вашите артерии, да се бори против инфекции и да го намали лошиот холестерол во крвта? Станува збор за популарен рецепт на германски лекар кој содржи многу здрави состојки, како ѓумбир, лук и лимон.

Лукот има антивоспалителни, антивирусни и антисептички својства, а богат е и со витамин Ц, Б6, манган и растителни влакна. Ѓумбирот е здрав зачин кој лечи воспаленија, проблеми со варењето, ја намалува болката… Лимонот е многу важен во борбата против сериозни болести бидејќи е богат со витамин Ц, а го зајакнува имунитетот, ги чисти крвните садови од насобраните масти и ја регулира pH вредноста.

Состојки: 4 лимони со кора, 4 чешниња лук, 2 литри вода, парче корен од ѓумбир.
Подготовка:
Измијте ги сите состојки, а потоа исечете го лимонот на парчиња, одвојте ја кората од лукот и ѓумбирот. Кога ќе завршите, ставете ги состојките во блендер и изблендирајте.

Добиената смеса загрејте ја во тава и додајте вода додека не зоврие. После тоа се остава да се излади, па се цеди во стаклени шишиња, па се чува во фрижидер.

Лукот ќе го изгуби непријатниот мирис поради лимонот и ѓумбирот, па не мора да се грижите за тоа. Овој лек пијте го секое утро на празен стомак и навечер 2 часа пред спиење.

Протресете пред употреба за ѓумбирот да не остане на дното на шишето.