ПРИ РЕНОВИРАЊЕ НА КУЌАТА НАЈДОА СТРАШНИ НЕШТА: Со годинигазеле на тоа! (ФОТО)

ПРИ РЕНОВИРАЊЕ НА КУЌАТА НАЈДОА СТРАШНИ НЕШТА: Со години ја газат, ќе се сложите! (ФОТО)
Еден пар од Јоркшир веќе е наречен среќник во сите медиуми на Островот, а еве како се одвивала нивната приказна не долго откако решиле да си ја реновираат куќата.




Брачен пар од селото Елерби во Северен Јоркшир наеднаш се збогатил на сосема неочекуван начин. Имено, тие нашле контејнер полн со златници од 17 и 18 век под подот во кујната во нивната куќа во која живееле со години.
По извршената евалуација било утврдено дека пронајдените 264 златници се во вредност од речиси 290.000 евра. За се да биде уште поневеројатно, тие живееле во таа куќа цели 10 години, без поим дека секој ден газат по вистинското богатство.




Како што раскажаа парот, кој во медиумите ги нарекуваа среќниците од Џокшир, монетите ги откриле сосема случајно. Се започнало кога решиле да го заменат дотраениот под во кујната. Ја отстраниле старата подлога и потоа на еден дел од бетонскиот под забележале мало парче метал кое блескало на светлина. Отпрвин мислеа дека се работи за електрични кабли. Во страв да не се случи нешто, го ископаа бетонот и имаа што да видат. Во античкиот контејнер имало златни монети. Тие внимателно ги подигнаа сите 264 монети, ги исчистија и ги однесоа на евалуација. Дури тогаш дојде нов шок бидејќи сфатија дека се збогатиле.




По детална анализа, експертите за стари пари утврдиле дека станува збор за златници кои биле користени помеѓу 1610 и 1727 година и го опфаќаат владеењето на Џејмс I и Чарлс I до Џорџ I. Како што е утврдено, златниците најверојатно припаѓале на богат и влијателно трговско семејство од Хал. Се претпоставува дека тоа е семејството Мајстерс кое тргувало со железо, дрво и јаглен. Тие биле политички ангажирани и членови на британскиот парламент на почетокот на 18 век. Во куќата каде што се пронајдени златниците живеела наследничката на семејството Сара Мајстер, која по смртта на нејзиниот сопруг Џозеф се пензионирала во Северен Јоркшир и која останала во ова село до крајот на животот.
A fascinating find is coming up for sale at #spinkauctions and will be one of the highlights of the Autumn Season! https://t.co/ZOY4C0343B#numismatics #goldcoins #auction
— Spink & Son (@SpinkandSon) August 31, 2022
– Ова е фасцинантно и многу важно откритие. Исклучително ретко се случува ваква колекција на англиски златници воопшто да излезе на аукција. Откривањето на колекција од дури 260 монети на овој начин, без детектор за метал и сосема случајно, не е забележано во поновата британска историја – изјави Грегори Едмунд, експерт за стари англиски монети.




Едмунд нагласи дека пронајдените монети се во прилично добра состојба, особено ако се земе предвид колку долго биле закопани.




– Како специјалист за монети со долгогодишно искуство, не можам да се сетам на слично откритие, барем не во последните неколку децении. За мене е огромна привилегија да можам да ги испитам и документирам бидејќи тие кажуваат многу за нашата историја – додаде тој.
Аукција за продажба на златни монети пронајдени во Северен Џокшир е закажана за октомври.