РАБОТА ОД СОНИШТАТА ИЛИ НОЌНА МОРА? УЖИВА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ И МНОГУМИНА МУ ЗАВИДУВААТ

На социјалните мрежи се шири видео од вработен во автосалон, чија една од секојдневните задачи е да ги вади заштитните налепници од новите автомобили.

Вработениот објави видео на кое се гледа како ужива во секој момент од својата работа, а многу корисници на социјалните мрежи изгледа му позавидуваат бидејќи и тие уживаат во звукот и чувството на отстранувањето на заштитните налепници.

Сепак, други тврдат дека нема да можат да ја завршат неговата работа бидејќи се згрозуваат од звукот на лепењето на налепниците.

Подолу можете да погледнете и слушнете како изгледа неговата работа, па проценете сами дали тоа за вас е работа од соништата или ноќна мора.