Радикалната идеја на човекот за претворање на брод за крстарење во дом за бездомници добива се повеќе внимание

Големите, нови идеи се секогаш прекрасни. Дали ќе успеат, дали се остварливи, вреди ли се? Замислете свет без струја, автомобили, компјутери, па дури и Фејсбук. Сето тоа бараше нова идеја, труд и сон.




Кен Капрон дојде до една нова идеја. Портланд, град кој постојано се шири, минува низ нешто што го поминуваат речиси сите места кои забрзано се шират, а тоа ја зголемува киријата за станови. Додека властите се обидуваат да изнајдат решение, Кен добил идеја која може да реши се, или така мисли тој.




Тој сака да купи стар, напуштен брод за крстарење, да го поправи и да направи соодветно сместување за луѓето на кои им треба. Не е неопходно да се бара место за изградба, бидејќи бродот би останал трајно закотвен.




За таа идеја ги известил надлежните, а градоначалникот на градот рекол дека не знае дали е тоа луда идеја за која слушнал досега или е најбрилијантна. Сепак, тој вели дека му се допаѓа што Кен има креативен начин да реши еден многу голем проблем што го има овој град.




Овој проект би чинел 5-100 милиони долари и бил наречен „Пристаниште на надежта“ и би ги спасил животите на илјадници луѓе. Погледнете го приложеното видео за да дознаете повеќе за самата идеја.