Роден е во 1983 година како големо бебе со 7,3 килограми, а вака изгледа денес

Сега е висок 205 сантиметри и тежок 136 килограми. Патриша Кларк го доби своето второ дете во 1983 година… и не било кое дете.

Нејзиниот мал Кевин Роберт тежел дури 7,3 килограми. Тој беше сензација во вестите таа година, а некои локални медиуми велат дека тој е најголемото бебе родено во Њу Џерси.

Кевин на 12 години веќе бил висок 170 сантиметри, а само неколку години подоцна 195 сантиметри. Сега е висок 205 сантиметри и тежок 136 килограми. Погледнете како денес изгледа огромно бебе.