РОДИТЕЛИ НА ТРОЈКА ВО ПРОБЛЕМ: Погледнете што направиле за да дознаат која е која

Ова не е мода, јас и мојот сопруг бевме навистина во неволја.

Кога сфативме дека лаковите можат да ни помогнат, нашиот живот се промени.

Во еден момент се плашевме дека нема да можеме да ги научиме да одговараат на нивните имиња, изјави Карен (33).

Британската двојка Карен и Јан Гилберт од градот Понтипул во британскиот Велс дошле на идеја да ги бојадисаат ноктите на нивните тројни ќерки со различни бои, за да можат да препознаат кој е кој.

Имено, бебињата кои имаат само неколку месеци толку многу личат едно на друго што ниту нивните родени родители не можат да ги препознаат и да им се обраќаат по име.

– Ова не е моден тренд, јас и мојот сопруг бевме навистина во неволја. Кога сфативме дека лаковите можат да ни помогнат, нашиот живот се промени. Во еден момент се плашевме дека нема да можеме да ги научиме да си одговараат на нивните имиња – рекла Карен (33) и додала дека се надева дека со текот на времето девојките малку помалку ќе личат една на друга, бидејќи во нивните тинејџерски години сигурно нема да можат да ги одбележат .

Фион, Медисон и Пејџ брзо станаа хит на интернет.