Сакал да стани машко но случајно останала бремена, па го одложил отстранувањето на градите за да дои (ФОТО+ВИДЕО)


Рајан Сандерсон (24) од Рочдејл, во близина на Манчестер, земал тестостерон девет недели кога открил дека е бремена. Студентот по драматургија верувал дека мажот со кој бил во врска е неплоден и не знаел дека трансродовите мажи можат да забременат дури и ако земаат тестостерон. „Тоа беше огромен шок за целиот мој систем, но иако се плашев од последиците од престанувањето на земање тестостерон, веднаш знаев дека сакам бебе“, изјавил тој за Daily Mail.

Бременоста поминала без компликации, а Рајан пред две години го родил синот Хендрик. Тој се откажал од планираната мастектомија за да може да го дои својот син. Подоцна и поднел барање, но решил да ги одложи сите понатамошни процеси во промената на полот бидејќи сакал да има повеќе деца. “Иако не сум верник, верувам дека ова беше судбина, како знак дека треба да имам деца пред да земам повеќе тестостерон. Кога дознав за бременоста, Хендрик стана центар на мојот свет”, рекол тој.

На седум години Рајан знаел дека е роден во погрешно тело, а тоа им го соопштил на своите родители кога имал 19 години. „Долго се борев со тоа што сум, дури отидов кај приватен лекар за да земам тестостерон“, рекол тој, додавајќи дека на лекарскиот преглед дознал дека е бремена.

“Мислев дека не можам да забременам додека земав тестостерон, а потоа дознав дека сум. Мислам дека трансродовите мажи треба да знаат дека ова може да се случи. Мојот поранешен партнер мислеше дека е стерилен, а тој очигледно не беше”, додаде тој. За време на бременоста ја имал поддршката од семејството и пријателите.

„Мојот доктор беше загрижен за компликациите, но сè помина добро“, рече тој, додавајќи дека акушерките внимавале на полот на кој што му се обраќале и доколку згрешеле,се извинувале. „Тие беа заинтересирани за нештата за мене и беше убаво да одговорам знаејќи дека не сакаа да ме навредат. И мајка ми Џенет ме поддржуваше цело време. Без неа ќе бев изгубен, таа направи толку многу за нас“, кажа. Тој додаде дека таткото на детето не сакал да учествува во неговото воспитување, но на Рајан тоа не му пречи бидејќи има поддршка од семејството и пријателите.