СВЕКОР И СВЕКВА НИ БАРААТ 650.000 ЕВРА ЗА ШТЕТА: Не уценуваат ОВА Е ПРИЧИНА, не знаеме повеќе да се избориме!

Шри Сагар (35) не знае што да прави со родителите! Имено, тој и неговата сопруга се шест години во брак и се уште не сакаат да имаат деца. Сепак, татко му и мајка му сакаат да добијат син во рок од една година, во спротивно ќе бараат отштета од 650.000 евра!

Таткото на Сагар рекол дека целата своја заштеда ја потрошил на образованието на својот син, испраќајќи го во САД во 2006 година да се обучи како пилот, што го чинеше 65.000 долари.

Тој исто така нагласува дека останал без работа откако се вратил во Индија во 2007 година, па семејството морало финансиски да го издржува повеќе од две години, пренесува Тајмс оф Индија.


Шри конечно најде работа како пилот. Затоа неговите родители го договориле неговиот брак со Шубанги Синха во 2016 година, надевајќи се дека ќе добијат внук додека тој да се пензионира. Тие истакнуваат дека свадбата ја платиле во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и меден месец.

– Син ми е во брак шест години, но се уште не планираат дете. Барем да имавме внук со кој ќе поминуваме време, болката ќе ни стане поподнослива – рекол таткото на човекот.

Адвокатот на парот А.К. Сривастава изјави дека ќе бара пари поради психичко малтретирање!

– Сон на секој родител е да стане баба и дедо. Ова го чекаат со години – заклучија тие.