Свекрвата дојде да живее кај нас: Се однесува како да е газда на куќата!

Како би реагирале во оваа ситуација?




„Јас имам 34 години, а мојот сопруг 36. Мојата свекрва се всели во нашиот стан пред три месеци, откако нејзиниот сопруг, мојот свекор, ненадејно почина. Таа има 68 години. Најмногу ме нервира што тaa по цел ден гледа телевизија, додека јас готвам и чистам дома. Ја изгубив приватноста поради неа.




Најмногу ме нервира што таа ги преместуваше работите низ кујната и бањата, купи нови прекривки, без да се консултира со нас. Пристојно ја замолив да не го прави тоа, но таа не ме слуша. Мојот сопруг не гледа во што е проблемот. Подготвена сум да оставам се и да си одам“, признала очајната жена за магазинот Sun и побарала совет oд другите




Одговорот беше:
„Разговарајте со сопругот и кажете му дека вашиот брак најмногу страда. Организирајте се така што вашата свекрва да има свој простор каде што ќе може непречено да гледа телевизија и да ја преуредува просторијата. Можеби би било добро сите да се согласите кој чисти или чиј е редот да готви. Советувајте ја свекрвата да најде нови интереси и хоби…“




Каков совет ти би и дал на оваа жена?