Село во кое можете да живеете само ако сте го оперирале слепото црево

Животот на Антарктикот не е лесен, особено ако се земе предвид дека во зима температурите паѓаат и до -50 степени, па жителите понекогаш не излегуваат од дома и по неколку недели одеднаш.




Чилеанското село Вила Лас Естрелас се наоѓа на Антарктикот, а тоа е истражувачка и воена база која е оддалечена илјада километри од првата голема болница, па луѓето можат да се преселат овде само доколку го оперирале слепото црево.
Тоа правило важи и за научниците и воениот персонал кои претежно живеат во оваа база, како и за нивните семејства.




Во самото село има само неколку лекари, но никој од нив не е специјализиран хирург. Затоа, оние што доаѓаат овде мора да бидат подготвени за тоа дека итни операции не можат да се вршат на лице место, па се прилагодуваат на таквите услови за живот.
Исто така, на жените кои живеат во оваа база не им се препорачува да забременат.




Во лето овде живеат само 150 жители, а во зима таа бројка се преполовува. Селото е опремено со основни институции, има мало училиште, пошта, банка, фискултурна сала, Руска православна црква и мала продавница за сувенири, па дури и хостел со дваесетина кревети.




Тие комуницираат со остатокот од светот преку сателитски телефони, а во училиштето има само неколку компјутери со пристап до Интернет.