Село во кое температурите паѓаат до – 50 степени во зима

Животот на Антарктикот не е лесен, особено ако се земе предвид дека температурите паѓаат до -50 степени во зима, па жителите понекогаш не излегуваат од дома и по неколку недели. Чилеанското село Вила Лас Естрелас се наоѓа на Антарктикот, а тоа е истражувачка и воена база на илјада километри оддалечена од првата голема болница.

Во селото има само неколку лекари, но никој од нив не е специјализиран хирург. Затоа, оние што доаѓаат овде мора да бидат подготвени на тоа дека итни операции не можат да се вршат на лице место, па се прилагодуваат на таквите услови за живот.

Исто така, на жените кои живеат во оваа база не им се препорачува да забременат. Во лето овде живеат само 150 луѓе, а во зима тој број се преполови. Селото е опремено со основни институции, има мало училиште, пошта, банка, спортска сала, Руска православна црква и мала продавница за сувенири, па дури и хостел со дваесетина кревети.

Тие комуницираат со остатокот од светот преку сателитски телефони, а во училиштето има само неколку компјутери со пристап до интернет.