Семејството го ослободило заробениот кит, а тој на прекрасен начин им се заблагодарил

Семејството пуштило заробен кит за кој се сомневале дека е мртов, а тој им се заблагодарил на прекрасен начин. Мајкл Фишбек и неговото семејство многу ги сакаат животните. Всушност, Мајкл е ко-основач на The Great Whale Conservancy, организација посветена на зачувување на китовите. Една зима, семејството добило наградно патување во Калифорнискиот залив за да може да фотографира ретки китови, но таму наишле на нешто трагично.

Грбавиот кит лебдеше по водата, не мрдајќи. Семејството се сомневало дека тој е мртов. Му пријдоа да видат дали е жив. Тие сфатија дека можеби има мали шанси да го спасат. Мајкл скокна во водата за да види дали може да помогне. Мајкл видел дека животното е заглавено во мрежа и не може да се ослободи. Се обидел да му покаже на китот дека ќе направи се што може за да го спаси. Иако китот бил заробен, сепак бил многу силен, па Мајкл морал да биде многу внимателен доколку сака да остане жив. Внимателно го прегледал китот. Неговите перки беа заплеткани и мрежата ги повлече надолу.

Мајкл успеа да ослободи една перка, но тоа не беше доволно. Семејството се обидело да повика помош, но не добиле јасен одговор дали навистина ќе дојде помош, па решиле да ги преземат работите во свои раце. Мајкл се обиде да ја пресече мрежата околу перката. Тоа беше многу тешка работа, но Мајкл успеа. Китот сега можеше малку да плива, но сепак ја влечеше мрежата. Семејството морало да го следи китот повеќе од 100 метри.

Кога китот се уморил, семејството продолжило да ја сече мрежата. По половина час пуштиле уште една перка. Сега дојде редот на опашката. Тоа беше најтешкиот дел од работата. Целото семејство даде се од себе за да го ослободи китот. На крајот успеаја. Китот препливал преку 100 метри, а потоа скокнал од водата како да сакал да му каже „благодарам“ на семејството кое го спасило.

Мајкл и неговото семејство беа многу уморни и исцрпени. Но, нивните напори вродиле со плод – китот бил слободен и продолжил да скока по водата во нивна близина. Во текот на следниот час, кит, наречен Валентина од семејството, го следеше нивниот брод и постојано излегуваше над површината – беше очигледно дека тој беше многу благодарен на ова прекрасно семејство.