Се вљубив во шимпанзото Чита, ама душманите не разделија (Видео)

Ади Тимерманс од Белгија никако не можела да го најде вистинскиот маж. Господата од Антверпен едноставно не и биле по вкус. Но, таа никогаш не барала маж. Како што објаснила, барала љубов. И ја нашла во форма на машко шимпанзо по име Чита. Тој има 38 години, поголемиот дел од животот го поминал во Зоолошката градина, но бидејќи пред тоа бил домашен миленик, малку потешко му било да се дружи со другите шимпанза.




Едно судбинско попладне, Ади се шетала низ зоолошката градина и го здогледала Чита. За неа тоа било љубов на прв поглед. Таа продолжила да го посетува речиси секој ден, а си разменувале и бакнежи преку заштитното стакло, си мавтале… Ади од среќа била на седмо небо. Но, работите нагло се смениле. Едно утро, вработените одбиле да ја пуштат Ади да влезе во зоолошката градина. И било кажано дека нејзиното друштво лошо влијаело на шимпанзото.




Тоа шимпанзо е по цел ден со својата група, но не го прифаќаат бидејќи го избира човечкото друштво кога и да може. Кога толку ќе се зближи со некоја личност, другите шимпанза ќе го одбијат. Овој потег го повлековме за да го заштитиме животното, велат од ЗОО и додаваат дека Чита веќе преживеала тежок напад од другите шимпанза. Кутрата Ади е целосно скршена. Таа во бројните обраќања до медиумите вели дека љубовта и е одземена.




Знам дека ме сака, го сакам и јас него. Немам никој друг. Не знам зошто го прават ова сега. Веќе има 38 години, а шимпанзата во просек живеат 40 години. Ако веќе не го сменил однесувањето, тогаш нема ни да го направи тоа, рекла Ади, кој е во оваа „врска“ четири години, објавува Дејли Стар.