Се гледал со девојка 4 години, кога таа го откачила ја тужел на суд: Бара пари поради душевна траума

Сингапурецот К Кавшиган, директор на компанијата за дронови „Д1 Рејсинг“, ја тужел жената со која се гледал затоа што одбила да му биде девојка.

По четири години заедно тој бара 2 милиони долари како обештетување, како што изјави, поради душевна траума. Како што пишува Дејли Мејл, тој решил да оди на суд кога таа му рекла дека го гледа само како пријател, и дека го „прекршила договорот“ за да ја подобри нивната врска.

Кавшиган поднесе две тужби против Нора Тан Шу Меи откако таа го одби, тврдејќи во тужбите дека тоа му наштетило на неговиот „висок углед“ и дека поради тоа изгубил најмалку пет деловни можности.


Меи поднела противтужба барајќи пари за кои рече дека ги потрошила за обезбедување на својот дом од Кавшиган и за терапија. Таа изјавила дека во куќата морала да постави сензори, „паметно ѕвонче“ и други дигитални помагала за да се заштити од него, а побарала и околу 1.000 евра за покривање на трошоците за опремата и идните терапии.

Сепак, судот го отфрли случајот, објавувајќи дека станува збор за злоупотреба на судскиот процес и дека тоа е обид на Кавшиган да ја уценува Меи.

Според извештаите, парот се запознал во 2016 година и станале пријатели, а двајцата наводно се членови на Ротари клубот.

Како што пишува Дејли Мејл, Меи постојано нагласувала дека го гледа само како пријател, а подоцна сакала да ја намали комуникацијата со него, што Кавшиган не можел да го прифати.