Се договорил со девојката да се видат, но таа имала услов за нивната средба

Деновиве на социјалната мрежа Редит вниманието го привлече статусот на еден Британец со кој тој ја опишува невообичаената случка која неодамна му се случила. Имено, тој се решил да ја покани својата симпатија да излезе со него на пијачка но не очекувал дека таа ќе се согласи. Сепак таа имала еден услов кој буквално ќе ве остави без зборови.

Тој решил да ја сподели преписката со девојката со која се договарал за дејт. Тие се договарале каде да се најдат, на што тој напишал дека ќе ја чека во еден бар и дека ќе и нарача пијачка. Но, она кое тој не го очекувал е нејзиниот одговор.

Ќе ми платиш гориво, напишала девојката, додека тој мислел дека таа се шегува со него. Кога и пишал дека му се допаѓа нејзиниот хумор, таа му одговорила дека или ќе и плати гориво или состанокот нема да се реализира.

Откако тој ја објавил преписката на Редит, многумина констатирале дека веројатно станува збор за измама – односно дека таа сакала да извлече пари од него.