Се допишувал со девојка што ја немал видено осум месеци, а потоа открил дека му е цимерката

Професорот по физичко, кој мислеше дека повторно ја нашол љубовта по разводот, подоцна открил дека цело време се допишувал со својата цимерка која е лудо вљубена во него. Марио живее во Западен Лондон веќе 11 години и го промени животот откако му се распадна бракот. Остана без покрив над главата и не можеше да си ги види децата:

„Тешко се справив со разводот, почнав да се д*огирам, бездомник бев, девет месеци не можев да ги видам децата. Морав да се сменам. Подоцна се појави и Хана“, рекол Марио и додал дека Хана ја запознал преку апликација за запознавање. Тој исто така објасни дека во текот на осум месеци допишување се обидел лично да се сретне со Хана, но дека таа секогаш ќе се откаже во последен момент.

Му станало малку сомнителено, па стапил во контакт со водителите на „Катфиш“ со надеж дека ќе ја најдат. Истрагата открила дека Хана е всушност Кортни, неговата цимерка која е лудо вљубена во него. Кортни, која е и деловен партнер на Марио, користела слики од жена од Нов Зеланд.

Тие успеале да стигнат до жена од Нов Зеланд која не знаела дека некој ги користи нејзините слики. „Тој е мојот најдобар пријател и цимер. Се знаеме скоро пет години. Сакав да видам како е да се биде негова девојка, бидејќи очајно сум вљубена во него“, рекла таа.

Марио останал шокиран кога дознал дека Хана всушност е Кортни: „Ја сакам како пријателка, како семејство, но тоа е тоа. Не би одел подалеку од тоа“, изјави Марио.

И покрај предавството, Марио и прости и продолжија да живеат заедно и да водат бизнис како пријатели, пишува Дејли Мејл.