Се сеќавате ли на куќата во која живееја ТЕЛЕТАБИСИ? Еве како денес изгледа ова место

Телетабисите беа составен дел од воспитувањето на многу деца. Затоа многумина се изненадија што ридот е покриен со трева, односно куќата во која живееле Тинки Винки, Дипси, Лала и По, денес е езеро.




Розмари Гардинг, сопственичката на земјиштето во Вимпстон Ворвикшир каде се наоѓаше сетот на Телетабиси, како што пренесува „Лед Библ“, изјавила дека многу обожаватели на серијата постојано доаѓале со намера да се фотографираат. „Имавме многу луѓе кои влегуваа во имотот и се обидуваа да внимаваат на оваа осамена област“, рече таа.




Таа спомна и како луѓето ги прескокнувале оградите и оделе низ полињата за да стигнат до своите дестинации.




„Веќе една деценија е под вода и се е полно со диви животни. Тоа е нашиот дом“, додаде таа, додавајќи дека жителите овде сега уживаат во мирен живот, што не беше случај кога некогаш се снимаа „Телетабиси“.




Да потсетиме, оваа играна серија за деца беше забранета на домашната телевизија пред речиси 20 години бидејќи децата, привлечени од активностите на главните актери на оваа анимирана програма, почнаа да скокаат во бунари, а често родителите ги носеа на психијатар.