Сиромашно дете чија кутија за ужина е празна беше изненадено

Ова видео ги скрши срцата на милиони луѓе, но испрати и силна порака.

Имено, се работи за видео кое трае 60 секунди и прикажува момче кое потекнува од сиромашно семејство и чија кутија за ужина е празна. Додека неговите пријатели едвај ја чекале паузата за ручек, тој немал што да јаде.

Момчето побарало од учителката да излезе накратко, а кога се вратило го чекало прекрасно изненадување. Неговата кутија беше полна со храна.

„Решенијата често се поблиску отколку што мислите“, е пораката на ова видео, а поентата е дека децата треба да се воспитуваат да им помагаат на другите и да го споделат она што го имаат.