Сите мислеа дека е бремена, а таа секој ден стануваше се позагрижена

Додека нејзините познаници мислеле дека девојката е бремена, таа секој ден станувала се позагрижена. Знаеше дека нешто не е во ред. Аби Чадвик (19) од Стафордшир била шокирана кога лекарите откриле дека нејзиниот стомак рапидно расте откако почнала да се дебелее, а таа не ја знаела причината. Подоцна беше откриено дека има циста со големина на фудбалска топка.

Прво забележала дека на чуден начин се дебелее, по што почнала со диета. Успеала да ослабе, но испакнатоста на стомакот не и поминала. Додека нејзините познаници мислеле дека е бремена, таа секој ден станувала се позагрижена, а почнала да се чувствува сито откако изеде само парче тост.

Стомакот ми беше голем и тежок и кога и да излегов во продавница, соседите мислеа дека сум во деветиот месец од бременоста. Се чувствував лошо бидејќи не можев да ослабам, иако навистина сакав. Ми олесна кога ми кажаа дека е циста со големина на фудбалска топка. Само сакав да исчезне – изјави Аби.

Кога во март почувствувала силни болки во стомакот, лекарите направиле детални анализи и откриле циста од 13 инчи на нејзиниот стомак, која хируршки била отстранета. Отидов на работа и мислев дека имам инфекција на уринарниот тракт, но бев негативнa кога правев тестови од тој вид. Болката не престануваше, а ми направија тест на слепото црево и бубрезите и немаше ништо од тоа.

Дури кога ми направија скенер, лекарите останаа шокирани од оваа циста, која ми рекоа дека морам веднаш да ја отстранам – додала таа. Лекарите и рекле дека постои голема веројатност да е родена со оваа циста која растела со години, а својата кулминација ја достигнала во форма на фудбалска топка сега кога има 19 години.

Се чувствувам многу полесно сега откако е отстранета. Сè уште немам сретнато некој што преживеал вакво нешто. Мило ми е што повеќе не изгледам како да сум бремена и не ми се верува дека толку долго изгледав како да носам бебе – заклучила Аби.

Фала му на Бога, сето тоа добро се заврши во нејзиниот случај.