Сите се чудeле на пријателството на момчето и волкот со кој ги чува овците

Хамза и неговиот волк се спријателиле и заедно го чуваат стадото на татко му. Момчето Хамза од Либија припитомило волк и сега заедно чуваат овци. Момчето го донело волкот дома и решило да го тренира, а татко му, разбирливо, воопшто не бил воодушевен од идејата.

„Отпрвин не сакав да дозволам да одгледуваме волк во куќата, но со текот на времето попуштив“, вели таткото.

Хамза и неговиот волк на крајот станале пријатели и заедно го чувале стадото на неговиот татко. Волкот се однесува како куче чувар и, според Хамза, ќе го нападне само секој што сака да му наштети на семејството или нивното стадо.

Иако нивниот татко се уште е во страв, Хамза и неговите браќа и сестри не можат да си го замислат секојдневието без волкот.

Хамза и волкот станаа вистинска атракција, па покрај љубопитните локални жители, последните денови ги посетија и бројни новинарски екипи.