Си купил стар кауч, а во него пронашол златна плочка во вредност од речиси 50.000 евра

Австриец пронашол златна прачка вредна 48.000 евра во софа купена на распродажба. Човекот чиј идентитет не се открива, но е од Нојкирхен, пронашол килограм злато во метална кутија, која била во софата.

Софата ја купил на продажба во двор, потврдил за весникот Nideresterajhiše Nahrihten”, главниот инспектор на полицијата во Нојкирхен, Клаус Деген.

Но, на златната шипка и недостигала една важна работа за да може да се продаде, односно немала соодветен сертификат, поради што никој не може да ја продаде шипката во банка, барем не легално.

Продажбата била организирана по смртта на една жена, па полицијата му ја вратила златната прачка на нотарот кој се грижи за нејзиното наследство.