Скокна од карпа за да му помогне на пријател во неволја: Овој благороден потег брзо стана вирален хит

Храбар бејс-џампер се фрли од карпа за да му помогне на повредениот пријател кој удри во карпите и падна повреден во провалија длабока 160 метри.

Трагачот на возбуда скокнал од карпата Beachy Head во костим за крилја, но изгубил контрола и бил одвлечен на карпите, по што паднал на брегот, пишува Daily Mail.

Скокна по повредениот
Неговиот пријател, кој го чекал својот ред да скокне и кој е обучен болничар, брзо скокнал по него преку работ на карпата за да му помогне.

Крајбрежната стража набрзо пристигнала и спасувачкиот хеликоптер бил испратен да го спаси повредениот маж кој паднал од карпа во Источен Сасекс и му го скршил колкот. Откако во хеликоптерот му помогнал друг болничар, повредениот бил префрлен во болница.

„Незрели“ џампери
Локален политичар од либерал-демократите ги осуди „незрелите“ скокачи од карпа. Тој додаде дека се надева дека оваа најнова несреќа ќе ги одврати луѓето од продолжување на овој вид на забава.

И локалниот окружен совет побара од посетителите „да користат здрав разум“. „Секоја активност што ги приближува луѓето до работ на карпа е крајно ризична“, изјави портпаролот на Бороу Истборн.
„Тоа важи за сите, без разлика дали само шетате низ областа или играте некој спорт.

Нестабилни карпи
Beachy Head е популарно туристичко место каде што многумина прават авантуристички селфи, додека оние кои бараат дополнителни возбудувања често ги користат карпите за скокање. Но, нестабилните карпи со креда често се уриваат, а британската крајбрежна стража издаде предупредување дека луѓето треба да се држат подалеку од работ за да избегнат паѓање.

Предупредувањето не ги спречи љубителите на селфи, кои сè уште се наведнуваат преку работ за да направат совршена фотографија за објавување на социјалните мрежи.