Слепиот допруг за првпат ги виде сопругата и бебето: Со една реченица ги расплака сите!

Оваа брачна двојка својата животна приказна ја донесе во јавноста на крајот на 2015 година, а видеото кое беше објавено тогаш е популарно и денес има речиси 8 милиони прегледи.

Честопати не сме свесни дека најголемиот подарок е она што го имаме секој ден и што ни станува навика, бидејќи сè земаме здраво за готово.

Замислете да немате перцепција за тоа како изгледаат работите околу вас, исто како овој човек кому пред 16 години му беше дијагностицирана Старгарт-овата болест.

Џин Перди живеел така што не можел да види ништо освен силуети.

Тогаш ја запознал љубовта на својот живот.

Потоа се венчале и добиле син, кој таткото никогаш не можел да го види.

Не долго потоа неговата сопруга дознала дека постои можност за лекување со помош на специјални електронски очила.

Не можела да ја сокрие среќата бидејќи имало големи шанси нејзиниот сопруг конечно да ги види своето дете и неа.

Врвот на сето тоа беше гостувањето во една емисија каде во живо го прикажаа тој емотивен момент.

Откако ја видел сопругата, успеал само да каже: „Таа е прекрасна“.