Слушнал таен разговор меѓу синот и маќеата, па му било преку глава: Срам да и е што го прашала

Човекот се обратил до онлајн заедниците за совет и објаснил што се случило Таткото, кој се претставува како Фред Вокер, ја опиша ситуацијата во која се нашол на Редит. Од првиот брак има 13-годишен син, кој е интроверт. Неодамна слушнал разговор меѓу втората сопруга и синот, па решил да ја откаже прославата на Денот на мајката (8 мај). Тогаш ситуацијата во семејството ескалирала.




Вчера дојдов од работа да се договориме за последните детали бидејќи планиравме да го прославиме Денот на мајката во ресторан, каде што ќе го поканиме и семејството на мојата сопруга. Додека влегував, ја слушнав сопругата како го прашува син ми дали може да ме убеди да остане дома и да не оди со нас. Синот ја прашал зошто, а таа му рекла дека неговиот интровертен и социјално неспособен однос ќе го направи нејзиното семејство непријатно и ќе го расипе расположението на сите – објасни тој, додавајќи дека синот на маќеата се обидел да вети дека ќе комуницира и ќе се дружи со сите, но таа му рекла дека не го прифаќа тоа.




На крајот се скрши и му рекла дека навистина не му е мајка, па не ѝ е јасно зошто навистина сака да го прослави Денот на мајката со неа. Тогаш мојот син даде коментар. Кога ме видоа, замолкнаа. Им кажав на децата да одат во собите, а на сопругата и кажав дека прославата е откажана. Таа се обиде да се расправа и ме увери дека не сум го слушнал целиот разговор, но мојата одлука е донесена – продолжи тој.




Жената наводно се налутила, а потоа наутро ја подигнала ќерката и работите, па отишла кај родителите. Човекот се запрашал дали другите мислат дека не е во право и речиси сите застанале на негова страна.




„Ти го бранеше синот, неприфатливо е однесувањето на жена ти кон него“, „Сигурна сум дека не е првпат вака да се однесува со него“, „Жал ми е за твојот син. Треба сериозно да разговарате со сопругата. Доколку не можете да го третирате како дел од семејството, време е да се разведете – ова се дел од многуте коментари