Сообраќајно чудо: Воз кој “лета“ со 620 километри на час

Кина претстави прототип на супербрз воз, за кој неговите креатори велат дека може да достигне брзина од 620 километри на час.




Овој воз е двојно побрз од возот EuroStar и со таа брзина би можел да се стигне од Лондон до Париз за 47 минути, доколку вози со максимална брзина.




Кинеското „сообраќајно чудо“ е прво од ваков вид во светот и е направено исклучиво под домашна режија, а правењето на прототипот долг 21 метар чинеше скоро 7,5 милиони евра.