Сопругот ме изневерува но не ни помислувам да го оставам – Многу ме осудуваат, но имам добра причина за тоа!

Што вие би направиле да сте на нејзиното место? Кога ќе се венчате, си ветувате едни на други дека ќе бидете тука за добро и лошо и дека никогаш нема да изневерувате, но понекогаш тоа ветување е прекршено. Мене ми се случи ете баш тоа. По 15 години брак, мојот сопруг ме изневери. Кога дознав за тоа, бев целосно скршена, неутешена, никогаш не се чувствував полошо во животот, а потоа донесов одлука.

Иако многумина не ме поддржуваа, решив да останам со него. Мислам дека по аферата, не треба да донесувате ненадејни одлуки, туку треба да разговарате со партнерот и да разберете во што е проблемот. Секогаш има решение. Кога дознав за неговата афера постојано се расправавме и сакав да поминува повеќе време со мене.

Тогаш сфатив дека нема да постигнам такво нешто. Станав посмирена и ги оставив работите да си одат по својот пат. Не го обвинував повеќе за она што се случи, а потоа и тој стана посмирен и ние функционираме подобро. Тој стана попријатен, поодговорен, пољубезен. Иако никогаш не му простив целосно, ниту ќе заборавам, сфатив дека е многу подобро да останам со него отколку да започнам нов живот, бидејќи љубовта сè уште постои, и покрај сè.

Она што ме натера да одлучам да останам е дека навистина немам сила да се борам и да продолжам понатаму. Тој се покаја, и верувам дека сите ние имаме право да згрешиме. Иако довербата е скршена и не сум целосно сигурна дека тој престана да се гледа со таа жена. Без неговите приходи не би можела да го имам животот на кој сум навикната. Имаме прекрасни деца и прекрасна куќа на добра локација.

Работам само повремено и најчесто се посветувам на моите хоби кои не носат многу профит. Тој заработува многу добро и не сакам да се откажам од тоа. Јас сум задолжена за домаќинство и воспитување на децата. Јас сум таа што гарантира дека нашиот дом е пријатен и удобен.

Можеби еден ден ќе имам волја и сила да заминам, но засега сум доста добро. Попрво би била понекогаш сама и осамена отколку да изгубам сè што имам сега.