Сопругот ме изневерува со поранешната сопруга – Кога дознав за тоа толку болно го прифатив што неможам сеуште да го преболам. Еве што направил

Дејдре е експерт за врски и брак, а овој пат ја контактирала жена која на необичен начин открила дека нејзиниот сопруг ја изневерува. Мислам дека мојот сопруг ме изневеруваше со неговата поранешна сопруга. Кога ми се јави вчера, телефонот всушност му беше во џебот и веројатно случајно се јави. Се слушна смеа, а потоа гласни машки и женски воздишки, по ова се појавија звуци кои лесно ги препознав и знаев дека е нешто со некој друг.

Кога го прашав, ми рече дека сигурно е радиото, но јас му го препознав гласот. Тој беше оженет пред мене и знам дека никогаш не ја преболел првата жена. Мојот сопруг има 42, а јас 39, во брак сме четири години. Најдов порака што и ја испратил на поранешната сопруга, и рекол дека ја сака. Кога му кажав дека ја видов пораката, тој само ладно мавташе со главата да си оди и ми рече дека тоа не е моја работа.

После ова тој е тотално ладен кон мене. После ова се преселив во друга соба, но тој не се потруди да разговара со мене или да ме праша нешто. Дејдре одговори: Сега има многу прашања овде, а тоа е дали добро се согласувавте пред ова, дали сте имале добри односи, дали излегувавте, правевте планови, како беше тој кон вас…

„Можеби е само лут што сте ги проучиле неговите работи и ги гледавте неговите пораки. Разговарајте со него отворено и кажете му дека сте подготвени да одите на брачно советување. Ако не се согласи, тоа ќе биде јасен знак дека е готово и не вложувајте ја вашата сила во целата приказна, бидејќи за да опстане бракот, мора да бидат подготвени двајца…“