Сопственикот тајно го снимал поштарот: Еве што му прави непознат маж на моето куче!

Видео кое маж од Нов Зеланд го снимил во својот двор стана вистински хит на интернет.

Низ прозорецот од својата соба, Мајкл Колинс снимал што прави поштарот секој ден со своето куче.

Видеото го објави на интернет и за многу кратко време видеото стана вистински хит и тоа со добра причина.

Во описот на видеото, човекот напишал:

„Сакам да споделам нешто кул со вас! Секој ден, без разлика дали доставува пошта или не, овој поштар престанува да се поздрави со моето куче кое има само 9 месеци. На моето куче секогаш се гледа како на опасно куче, како да не треба да му се пријде, можеби затоа што е големо, но не сум сигурен.

Не лае по минувачите (можеби понекогаш во ретки ситуации, но кое куче не лае?). Овој човек повторно и повторно застанува да си игра со кучето. Не го познавам лично поштарот за да го означам на Фејсбук, но сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам и да продолжи да ја работи својата работа како што ја работи и да му кажам дека стекнал пријател каде што е секогаш. добредојде”