Со години работи како чистач на факултет, студентите му приредилe изненадување

Омилениот чистач на Универзитетот во Бристол бил трогнат до солзи кога студентите му дале 1.500 фунти (околу 12.500 фунти) кои ги собрале за да може по долго време да ја посети родната Јамајка.

„Тој е олицетворение на среќата“, пишува на страницата, а студентите покрај парите му напишале и порака: „Ти ни ги разубави многуте денови овде и сакаме да знаеш дека те сакаме и цениме. ”

Гордон работи на Универзитетот во Бристол како чистач во последните 12 години. Во интервју за BBC Newsbeat, тој рече дека е важно во животот да се држите подалеку од негативни влијанија: „Знам дека овие студенти работат напорно, учат.

Не сакаат негативни вибрации околу нив. Тие секогаш ми зборуваат убаво, а и јас зборувам со нив“.