Со детектор за метал на таван пронашол кутија полна со пари (ВИДЕО)

Ловец на богатство му помогнал на семејство да најде скриени пари од 30-тите и 50-тите години на минатиот век.
Кит Вил им помага на луѓето да пронајдат изгубени работи веќе 10 години, па добил повик од семејство од Нова Англија, кое сакало да ја најде скриената кутија со пари од дедо им.

Му рекле дека се шушка дека кутијата е скриена некаде на таванот и дека семејството поминало години во безуспешна потрага. Видеото објавено од Вил на неговиот Јутјуб канал RediscoverLost го покажува како го пребарува поткровјето со детектор за метал додека не забележал нешто во аголот.

Наскоро, на задоволство на семејството, тој ја пронашол кутијата, а внатре имало околу 46 000 американски долари во банкноти од 1930-тите и 1950-тите. Вили, исто така, истакнал дека колекционерите се подготвени да платат многу повеќе за вакви зачувани стари банкноти, од кои некои имале и сребрен сертификат, што исто така им додава на цената.

Видеото привлече големо внимание на социјалните мрежи, а откако го пренесоа бројни медиуми, бројот на претплатници на Вил на Јутјуб започнал да расте.