Спектакуларното откритие на богатството на шпански брод потона пред повеќе од 350 години

Златен филигрански синџир со бројни мотиви е еден од откриените предмети што укажуваат на тоа дека товарот бил наменет за екстремно богати аристократи, а многу веројатно и за високите слоеви на благородништвото.




Шпански брод полн со богатство, кој потона крај брегот на Бахамите во 1656 година, досега беше сон на археолозите ширум светот, но најновата експедиција успеа да пронајде парче од неговиот непроценлив товар.




Амајлии и ѓердани украсени со скапоцени камења, златни синџири и монети со непроценлива вредност конечно по три и пол века беа извадени од дното на морето.




Бродот „Nuestra Señora de las Maravillas“ потонал на околу 70 километри од западниот брег на Бахамите, но богатството од него завршило расфрлано на километри од местото каде што морето го проголтало.




Организацијата „Ален експлорејшн“, во соработка со бахамски и американски археолози и нуркачи, добила дозвола од владата на Бахамите да го истражи потонатиот брод за научни цели и се што ќе пронајдат ќе биде изложено во новиот музеј на таа островска држава.




Златен филигрански синџир со бројни мотиви е еден од откриените предмети што укажуваат на тоа дека товарот бил наменет за исклучително богати аристократи, а многу веројатно и за високите класи на благородништвото.