Станал од кревет, паднал и се повредил: Судот утврдил дека е „ПОВРЕДА НА РАБОТА ОД ДОМА“

Судот во Германија пресудил во корист на маж кој бил повреден додека од креветот одел до работа во сопствената куќа. Додека одел по спиралните скали што ги поврзувале двете простории, тој паднал и го повредил грбот.




Двата пониски суда не се согласиле околу тоа дали краткото патување е службено патување, додека повисокиот федерален социјален суд утврдил дека „првото утринско патување од кревет до домашната канцеларија било службено патување за кое се обезбедува осигурување“.




Во пресудата е наведено дека работникот „доживеал незгода на работа кога утрото паднал на пат кон својата домашна канцеларија“.




Во пресудата се наведува дека законот се однесува на работното место на далечина“, кои се „компјутерски работни станици кои работодавачот трајно ги поставува во приватна сопственост на вработените“.